Ненад Димитријевиќ се враќа во Русија за 1,5 милиони евра по сезона!?

Македонскиот репрезентативец и еден од најталентираните плејмејкери од регионот, Ненад Димитријевиќ, е блиску до потпишување договор со рускиот кошаркарски клуб Зенит Санкт Петербург, пренесува новинарот Андреа Калцони.

Според информациите, станува збор за двегодишен договор со годишна плата од 1,5 милиони евра, што го прави еден од најплатените македонски кошаркари во историјата. Со тоа, вкупната вредност на договорот се проценува на три милиони евра.

Претходно, Димитријевиќ беше под договор со италијанскиот евролигаш Олимпија Милано, но двете страни се договорија за предвремен раскин на соработката, по што клубот од Милано ќе му исплати обештетување од 500.000 евра за предвремено прекинување на договорот.

Димитријевиќ има 26 години и зад себе има богато европско искуство, вклучително и настапи за Хувентуд Бадалона, Валенсија Баскет, како и за Уникс Казан, каде што веќе еднаш настапуваше во Русија и остави силен впечаток.