Ненад Димитријевиќ се повлече од НБА-драфтот

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ се повлече од НБА-драфтот и нема да ја бара својата шанса „зад барата“.

Нено, кој е член на шпански Хувентуд, се најде на првата листа со 58 странски играчи, меѓутоа кога сега се објавија официјалните листи, многу кошаркари кои не се од САД решија да се повлечат, меѓу нив и Македонецот.

Само 12 кошаркари кои не доаѓаат од САД или Канада ќе бидат дел од НБА-драфтот. Така, Перо Антиќ, барем засега, ќе остане единствениот Македонец што заиграл во НБА-лигата.

Димитријевиќ и в година ќе остане дел од шпански Хувентуд, каде полека, но сигурно, се наметнува во првиот тим и добива се поголема минутажа.