Ненад Димитријевиќ ќе игра на „ол-старот“ во ВТБ-лигата

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ доби големо признание за настапите во Русија и ќе биде дел од „ол-старот“ во тамошната ВТБ-лига.

Плејмејкерот имаше одлични партии за Уникс Казан и ќе биде еден од 24-те кошаркари кои ќе играат на настанот. Димитријевиќ е дел од „Њу Скул“ екипата каде играат новајлиите, заедно со српскиот кошаркар Никола Милутинов.

За Димитријевиќ ова е прва сезона во ВТБ-лигата и затоа признанието добива на тежина. Кошаркарскиот спектакл е закажан на 16 февруари.

Се чекаат и имињата на тренерите, еден од можните е Емил Рајковиќ од ЦСКА Москва, македонскиот стратег кој урива рекорди со великанот во кошаркарскиот свет.