Ненад Димитријевиќ го раскинува договорот со Милано!?

Плејмејкерот на македонската кошаркарска репрезентација, Ненад Димитријевиќ, во новата сезона многу веројатно ќе има нов клуб. Барем така гласат последните информации кои доаѓаат од Италија за неговата иднина.

Димитријевиќ не ужива голема минутажа во Милано и конкуренцијата е голема. Некако и не успеа да се вклопи кај Еторе Месина и неговите кошаркарски замисли, иако дојде во Италија по авантура од соништата. Деби сезоната во Евролигата ја игра, но и покрај тоа италијанскиот новинар Андреа Калцони објави дека Нено како што изгледа во моментов ќе бара нов клуб.

Новинарот вели дека двете страни ќе разговараат во следните месеци за да го раскинат договорот кој е до 2026 година. Милано, пак, тргнува да го донесе Британецот Квин Елис кој настапува за Трентино.

Ненад Димитријевиќ дојде во Милано како звучно име и МВП од ВТБ-лигата, каде настапуваше за Уникс Казан. Македонецот претходно беше дел и од шпанските Валенсија и Хувентуд.