• Мартин Танасковски
Македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ пристигна во Баерн Минхен и одлично се адаптира на новата средина, но не беше дел од последните два меча, еден во Бундеслигата и еден во Евролигата.
Ситуацијата со Димитријевиќ нема никаква поврзаност со повреда, туку стручниот штаб на чело со искусниот Светислав Пешиќ решил да му даде одмор на македонскиот кошаркар.
Димитријевиќ го скокна поразот од Улм во германскиот шампионат, како и мечот со Париз во Евролигата на кој „баварците“ успеаја да победат.
Засега нема информации дали Димитријевиќ ќе биде дел од ростерот на мечот против Монако кој е следен во Евролигата за германскиот гигант во рамки на „двојното коло“.


