Ненад Чанак брзо најде работа, ќе го води литванскиот Лиеткабелис

Откако вчера белградски Партизан го назначи Андреа Тринкиери за нов шеф на стручниот штаб, неговиот претходник Ненад Чанак нешто повеќе од една недела од отказот по домашниот пораз од Задар, пронајде нова работа. 

Чанак се договори со литванскиот прволигаш Лиеткабелис и ќе ја води оваа екипа во Лигата на шампионите на ФИБА. За Лиеткабелис настапуваат поранешниот плејмејкер на Партизан, Џамар Вилсон, и некогашен член на Карпош Соколи и МЗТ Скопје, Хрватот Доминик Мавра.

Лиеткабелис е далеку зад шампионот на Литванија, Жалгирис, но првпат ќе се потпре на стручњак од бившите југословенски простори и ќе се обиде да го смени системот на работа, со посебен акцент на играта во одбрана.