• Зоран Мишевски
По вечерашната ждрепка познат е костурот во елиминационата фаза на машкиот кошаркарски турнир на Олимписките игри во Париз. Најлошо минаа Австралија и Србија, кои не најдоа во иста страна на костурот со американската селекција, која е најголем фаворит за титулата.
Во ждрепката во првиот шешир беа Американците и Германците, а потоа следеа второ и третопласираните. Сите натпревари од четвртфиналето се играат во вторник.
Четвртфинале:
11:00 - Германија - Грција
14:30 - Србија - Австралија
18:00 - Франција - Канада
21:30 - САД - Бразил
Во елиминационата фаза преостанаа четири европски селекции, една од Јужна Америка, Канада, Австралија и САД.