• Сашо Поповски
Српскиот кошаркар Немања Недовиќ ќе се врати во дресот на Црвена Звезда по пауза од десет години.
31-годишникот ќе стави потпис на едногодишен договор, кој ќе има опција да биде продолжен за уште една сезона. Искусниот плејмејкер ќе замине од Панатинаикос по две години.
Белград ќе го пречека својот миленик по една деценија. Тој ја започна кариерата меѓу „црвено-белите“, а потоа играше за Лиетувос Ритас, Голден Стејт, Валенсија, Уникаха и Олимпија Милано.
Недовиќ доаѓа како освојувач на двојната круна во Грција со гигантот од Атина.



