• Саше Љолес
Српскиот кошаркар од редовите на Црвена Звезда, Немања Недовиќ, постави нов неславен рекорд во Евролигата и стана играчот со најмногу сезони во кои не обезбедил пласман во разигрувањето за шампионската титула.
Досегашниот рекорд го држеше Маодо Ло, но тој конечно се избори за прв плеј-оф со екипата на Париз Баскет, а неговото место сега го презема Недовиќ, кој не успеа да дојде до главната фаза носејќи го дресот на Валенсија, Уникаха, Олимпија, Панатинаикос и Црвена Звезда.
Беше навистина близу до плеј-офот оваа сезона, но Звезда загуби во клучниот меч од Баерн Минхен и мораше да се помири со болна елиминација во плеј-инот.