Нема време за чекање: Трајковиќ веднаш се фати за работа во Пелистер (ФОТО)

Србинот Ненад Трајковиќ е тренерот што ќе го води Пелистер во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона, откако управата на клубот постигна договор за соработка со овој ценет и успешен тренер.

По одлуката за повлекување на Александар Петровиќ, одлуката на раководството на Пелистер беше оваа функција да биде доверена на искусен тренер со беспрекорно реноме во регионот. Уште првиот ден кога тој пристигна во Битола, веднаш се фати за работа и го имаше првиот собир и тренинг со кошаркарите на „зелените“.

Инаку, 64-годишниот Трајковиќ ја почна тренерската кариера како асистент во Партизан, а во периодот од 1999 до 2001 година беше и шеф на стручниот штаб на прославениот српски кошаркарски колектив. Работеше како помошен тренер во Реал Мадрид, извесен период беше и селектор на младинската репрезентција на Југославија, а Трајковиќ мина една сезона и во НБА лигата, како дел од стручниот штаб на Кливленд кавалирс.

Во 2014 година беше и селектор на репрезентацијата на БиХ, а последен ангажман му беше како предводник на Студентски Центар, успевајќи да го внесе овој тим во елитното друштво на АБА лигата.

Дебито на клупата на Пелистер, Петровиќ ќе го има на дуелот против Гостивар.