• Горан Упале
Koшаркарската селекција на Словенија забележа нов пораз во подготвителниот период, но неуспехот против Летонија не беше толку значаен колку повредата на првата ѕвезда на репрезентацијата Лука Дончиќ.
Еден од најдобрите кошаркари на денешницата се повреди при судир со соиграч во третата четвртина и не се врати на теренот.
По натпреварот Дончиќ веднаш заминал на лекарски прегледи во Рига и веќе се познати првичните резултати. Како што пишуваат тамошните медиуми, нема простор за паника, затоа што повредата на плејмејкерот не е сериозна. Поточно не се работи за оштетување на лигаментите на удреното колено.
Се наведува дека повредата ќе биде санирана со неколку дневен соодветен третман, па под знак прашалник ќе биде настапот на Дончиќ на пријателскиот натпревар против Србија во Белград (21 август).









