ВИДЕО: Нема повеќе зборови за опис на Дончиќ - трите акции на Словенецот за победа на Далас

Дончиќ шут за победа

Изминатата вечер во НБА лигата повторно помина во знакот на сензацијата од Словенија, Лука Дончиќ.

19-годишникот ја изненадува американската јавност со секој поминат натпревар, а стана и миленик кај фановите, кои му даваат огромна поддршка. Зад неговото име стојат огромен број на гласови во пресрет на „Ол-стар“ натпреварот во Њу Орлеанс.

Со 29 поени, 12 асистенции и осум скока, Дончиќ беше лидер на Далас во победата над Минесота. Особено одушеви со трите акција во последните моменти од мечот кои го одлучија прашањето на победникот.

Погледнете зошто Дончиќ е прва ѕвезда во својата екипа: