• Зоран Мишевски

По пет одиграни кола повеќе нема непорзени екипи во женската кошаркарска Шпаркасе Лајф лига. За тоа се погрижија кошаркарките на Вардар кои со подобра игра во најголем дел од дерби дуелот беа подобри од актуелниот првак Баскет Кам со 52-45.
Творец на победата беше Јана Пислевска, која одигра одлично во последниот период, искреира недостижна позитива за Вардар, доволно за голем триумф по кој се изедначија со екипата од Македонска Каменица на делба на првата позиција на табелата со ефект (4-1)
Пислевска заврши со 16 поени (имаше и три скока и една асистенција), а Митева додаде 10 поени (и по четири скока и асистеннции) во победничката екипа. Во поразениот табор Кметовска и Адамовска реализираа по 13 поени, искомбинираа и 22 скока, но без вистинска поддршка од помладите кошаркарки и повредената Димова.