• Саше Љолес
Леброн Џејмс реши да си поигра со срцата на навивачите и љубителите на кошарката ширум светот. „Кралот“ пред два дена објави видео кое беше наречено „одлуката на сите одлуки“, па иако многумина мислеа дека може да објави сензационален крај на кариерата, сепак, се случи нешто сосема поинакво.
Најверните негови фанови не беа баш одушевени од видеото кое го најави во 18:00 часот по македонско време, во кое всушност ја објави својата нова соработка со алкохолниот бренд „Хенеси“. Во рекламата промовира коњак, кој е стар 23 години, истата бројка што ја носи на неговиот дрес. Воедно, тој ја започнува и 23. сезона како професионален кошаркар.
BREAKING: LeBron’s second decision… is a Hennessy ad. pic.twitter.com/UhE5NOAMwp
— Legion Hoops (@LegionHoops) October 7, 2025
Периодов често се шпекулираше дека Џејмс би можел да ѝ каже „збогум“ на кошарката, но тоа очигледно нема да се случи оваа година. Четирикратниот НБА шампион барем засега останува во Лос Анџелес Лејкерс, каде повторно ќе ја дели соблекувалната со Словенецот Лука Дончиќ.
ФОТО/PHOTO: Nba.com







