ВИДЕО: Нема невозможна позиција за Дончиќ – погоди од „паркинг“ и сочно опцу!

Знаевме дека Лука Дончиќ има вакви шутеви во својот „арсенал“, но секогаш ја одушевува публиката кога ќе погоди на спектакуларен начин.

Се играше самиот финиш од натпреварот меѓу Далас и Минесота, кога Дончиќ презеде одговорност и со чекор на назад и од „паркинг“ погоди за три поени и го доведе Далас во „мирни води“.

Ова предизвика жесток излив на емоции кај Словенецот, кој фантастичниот кош го поздрави со извици: „Тоа е она што е***о го правам!"

Словенечкиот претставник за 40 минути постигна 24 поени заедно со осум скока и девет асистенции. Подобар учинок од него имаше само Кари Ирвинг, кој за 39 минути постигна 35 поени, четири скока и пет асистенции.