Нема крај на проблемите, се повреди уште еден важен кошаркар на Олимпијакос

Продолжуваат проблемите со повредите на грчкиот гигант Олимпијакос.

По центрите Мустафа Фал и Никола Милутинов, повреда го мачи и американскиот бек Шакил Мекисик. Клубот од Пиреја соопшти дека Мекисик има проблем со тетивата и ќе паузира седум до десет дена.

Искусниот 34-годишен кошаркар игра важна улога во тимот на тренерот Јоргос Барцокас, а во последната сезона во Евролигата запиша просек од 7,3 поени и имаше индекс на корисност од 6,8 за шеснаесет минути на теренот.

Мекисик минатата сезона имаше проблем и со коленото, поради што беше надвор од терените еден месец.