• Иван Димовски

Евролигата се соочува со огромни проблеми, бидејќи не може да комплетира ниту едно коло поради проблеми со коронавирусот во тимовите учесници.
Откако беше одложено целосното 19. коло, а потоа и половина од 20. рунда, сега е јасно дека нема да се одигра барем еден натпревар и од следната. Екипата на Зенит нема да може да се сретне со Олимпијакос во рамките на 21. коло на Евролигата.
Поради проблемите во тимот од Русија прво го одложија натпреварот со Асвел, а потоа и со грчкиот ривал Олимпијакос. Иако Евролигата донесе нов протокол за играње во услови на пандемија, сепак челниците се соочуваат со неверојатни проблеми.
Утре стартува 20. коло на ова натпреварување, а ќе се одиграат само натпреварите меѓу: Фенербахче и Олимпијакос, Баерн со Жалгирис, Барселона против Армани и Панатинаикос со ЦСКА.