• Саше Љолес
Кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс, повторно е суспендиран поради недисциплина на натпревар во француското првенство.
Американскиот плејмејкер заработил казна по исклучувањето на дуелот против Асвел, кога доби две технички грешки.
Поради суспензијата, Џејмс ќе ги пропушти последните два натпревари од регуларниот дел на сезоната, како и првиот меч од плеј-офот.
Иако важи за еден од најдобрите кошаркари во Евролига, Џејмс во текот на кариерата често беше во центарот на вниманието поради проблеми со дисциплината и однесувањето на теренот.
Дополнително се шпекулира дека ова би можела да биде негова последна сезона во Монако, бидејќи договорот му истекува на крајот од сезоната.
