Нема финале на „вечните“: Работнички и МЗТ можат само во Куп-полуфинале!

Гевгелија ќе биде домаќин на овогодинешното издание на Купот на Македонија, а кај мажите веќе се познати двојките во натпреварувањето и нема нејаснотии.

Првите натпревари кои се во рамки на четвртфиналето ќе се играат на 15 февруари.

Куп-програмата ќе се отвори со натпревар меѓу Работнички и Куманово (13:00 часот), па следи Блокотехна и АВ Охрид (15.30 часот). Кошаркарскиот дневен маратон ќе продолжи со меч меѓу Гостивар и Фени Индустри (18:00 часот), а денот го затвораат МЗТ Скопје и Кожув (20:30 часот).

Ланските финалисти МЗТ Скопје и Работнички кои воедно се и „вечни ривали“ може да се сретнат само во полуфиналето. Актуелен Куп-освојувач е МЗТ Скопје, кој токму преку Работнички лани се закити со трофејот.

Финалето оваа година ќе се игра на 17 февруари од 20:30 часот, а ден претходно се полуфналните средби (18:00 и 20:30 часот).