Нема „Ел Класико“ во финале на Купот на Кралот во кошарка

Ждрепката за Купот на Кралот во кошарка беше немилосрдна и ги вкрсти двата главни кандидати за титулата во ист дел од костурот. Така, Барса и Реал може да се сретнат само во полуфиналето, а не и во натпреварот за титула. Овие две екипи триумфираа на последните десет изданија од натпреварувањето со тоа што и едната и другата освоија по пет трофеи.

Уникаха Малага е домаќин и за ривал во четвртфиналето го доби најпријатното изненадување оваа сезона – Сарагоса. Дуелот Барселона - Валенсија е најѕвезденото четвртфинале.

Завршниот турнир од Купот на Кралот се игра од 13 до 16 февруари во „Мартин Карпена“ во Малага.