• Иван Димовски
Нема добри вести за Лос Анџелес Лејкерси пред третиот меч од серијата против Оклахома Сити Тандер во НБА лигата.
Лука Дончиќ нема да биде подготвен ниту за оваа средба, иако сите се надеваа дека дека ќе биде подготвен. Сепак, Словенецот нема да им помогне на Лејкерси ниту на оваа средба.
„Работам сè што можам. Секој ден го правам потребното. Докторите на почетокот кажаа осум недели па одиме ден по ден. Секојдневно се чувствувам подобро“, изјави словенечката ѕвезда.
Иако Дончиќ веќе некое време тренира, нема дозвола од докторите да игра натпревари. Американските медиуми веќе пишуваат дека шансите Дончиќ да се врати во оваа серија се минимални, што претставува огромен удар за Лејкерси во битката за пласман во финалето на Западната конференција.
Инаку, Оклахома води со 2-0 во серијата против Лејкерси.



