„Нема да лажам, повреден бев кога го видов списокот на Грег...“

Трае Јанг

Американскиот селектор Грег Попович објави прелиминарен список од 44 имиња кои ќе конкурираат за тимот на САД на Олимписките игри во Токио.

Меѓу сите ѕвезди како Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Каваи Ленард, Стеф Кари и останатите немаше место за шутерот на Атланта, Трае Јанг. Неговата фантастична сезона остана незабележана од предводникот на Американците, а тоа го повреди самиот кошаркар.

„Ќе ве излажам ако речам дека не бев повреден кога го видов списокот. Очигледно е дека сакав да бидам дел од тој тим“ , изјави петтиот пик на драфтот од 2018 година.

Јанг е четврт најдобар стрелец во НБА лигата со 27,9 поени, а со 9,1 асистенции по натпревар е втор најдобар додавач, веднаш зад Леброн Џејмс.