Некогашниот тренер на МЗТ и Карпош Соколи се врати „дома“

Драган Николиќ, човекот кој остави трага во македонската кошарка во тимовите на МЗТ Скопје и Карпош Соколи, се врати во татковината и ќе има трет мандат во тим.

53-годишникот ќе го води тимот на Младост Земун, кој по два порази во стартните два меча во српската КЛС-лига реши да менува тренер.

Николиќ претходно ја водеше оваа екипа од 2005 до 2006 година, како и од 2014 до 2016 година. Во Карпош Соколи работеше од 2016 до 2017 година и го освои Купот на Македонија, додека со МЗТ исто така освои титула во Купот, тогаш рекордна за „штрковите“.

Србинот си замина од македонската кошарка заради глупост на мечот со Кожув кога се судри со противнички играч и доби суспензија од десет натпревари, по што следеше раскин на договорот со МЗТ Скопје.