Некогашната ѕвезда на Карпош Соколи се сели во Цедевита Олимпија

Карпош Соколи некогаш имаше тим за респект и бележеше одлични резултати во АБА-лигата, а еден од кошаркарите кои настапуваа во тимот си обезбеди голем трансфер за следната сезона.

Се работи за американскиот кошаркар Кендрик Пери кој настапува на плејмејкерската позиција и од следната сезона наместо во Мега Бемакс, ќе игра за богатиот кошаркарски клуб Цедевита Олимпија.

Информацијата ја потврди неговиот менаџер Мишко Ражњатовиќ, инаку еден од најмоќните луѓе во европската кошарка, но не е наведена должината на договорот, ниту пак останатите услови за потпис.

Пери во просек бележеше 18,5 поени, 6,2 асистенции и 3,7 скока во дресот на Мега Бемакс.