ВИДЕО: Недоволни 57 поени на Мичел, Денвер го отвори плеј-офот со победа

Денвер

Супер-интересен почеток на НБА плеј-офот донесе дуелот меѓу Јута Џез и Денвер Нагетс, кој на крај им припадна на кошаркарите од Колорадо (135-125) по едно продолжение од пет минути.

Нагетси тргнаа подобро и обезбедија солидна предност на полувреме. Никола Јокиќ беше расположен за игра, а тоа беа добри вести за неговиот тим, кој тргна со +7 по првите 24 минути. 

  • Извештај од натпреварот: 

Меѓутоа кошаркарите предводени од Мајкл Мелоун загубија здив во третиот дел. Противникот не само што се врати во игра, туку и целосно го презеде водството во пресрет на завршницата. Неизвесноста траеше до самиот крај, кога водството се менуваше од минута во минута.

Во последната минута се влезе со резултат 113-113 со петте поени во низа на Џамал Мареј. Херој во регуларниот дел можеше да биде Јокиќ, но го промаши последниот напад, па победникот се одлучуваше по продолжението.

Во петте минути доминираше Денвер кој сочува повеќе сили за да поведе со 1-0 во серијата против Јута. Најзаслужни за тоа беа Мареј со 36 и Јокиќ со 29 поени. Кај „џезерите“ залудни 57 поени постигна Донован Мичел, кој го одигра натпреварот на плеј-оф кариерата.