• Иван Димовски
Македонија со победата над Полска од 88-74 ја затвори квалификациската група на пат кон Евробаскетот. По мечот на прес-конференцијата селекторот Александар Јончевски направи поопсежна анализа на повеќе теми. Освен стандардно за одиграниот меч и прозорец, тој зборуваше и за други интересни теми.
Јончевски доби прашање да направи компарација во играта на Македонија кога тука е Ти Џеј Шортс или Итан Хап. Според селекторот, компарацијата е невозможна и непотребна за овие двајца натурализирани Американци.
„Концептот е целосно различен кога игра Шортс. Иммавме среќа што Полјаците го немаа Балчеровски. Во првиот дел тие немаа ниту еден офанзивен скок, иако ние практично бевме без центар. Вкупно на цел меч имаа 25 скока, а ние решивме да играме со висока петорка за да го затвориме рекетот.
Различно е кога игра Шортс или Хап. Денес настапот на Шортс беше одличен, тој ни одговараше, меѓутоа на претходниот меч не беше така. Тогаш попотребен ни беше центар. Тие двајца се целосно различни и не можам да направам компарација или да кажам кој ни е попотребен. Шортс и Хап се одлични кошаркари и личности. Јас сум среќен што ги имаме како натурализирани Македонци“, прокоментира Јончевски.
Итан Хап и Ти Џеј Шортс одиграа по еден ФИБА прозорец, односно по два натпревари за Македонија во овој циклус квалификации.