Не се избори за минутажа во Денвер, па реши да го засили Бешикташ!

Американскиот кошаркар Лони Вокер ќе ја продолжи кариерата во Бешикташ, откако турскиот клуб официјално го потврди неговото доаѓање.

Вокер летово потпиша едногодишен договор со Денвер Нагетс, но соработката беше прекината пред почетокот на сезоната. Американецот одигра само два подготвителни натпревари пред да биде ослободен од договорот, по што следуваше преселба во Турција.

Новиот играч на Бешикташ минатата сезона настапуваше за Макаби Тел Авив и остави солиден впечаток во Евролигата, со просек од 15,2 поени, 2,5 скока и 2,3 асистенции по натпревар.

Во досегашната кариера, Вокер настапуваше и за Сан Антонио Спарс, Лос Анџелес Лејкерс, Бруклин Нетс, Жалгирис и Филаделфија 76ерс. 

Бешикташ во досегашниот дел од Евролигата има две победи и три порази. Со ангажманот на Вокер, турскиот тим добива кошаркар со значително НБА искуство и докажан потенцијал на европската сцена.