• Горан Упале
Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс славеа победа од 117-83 над Денвер Нагетс во третиот натпревар од првото коло од плеј-офот на Западната конференција на НБА.
Никола Јокиќ запиша нов „трипл-дабл“ и тоа уште кон крајот на третата четвртина, но тоа не беше доволно за славје на неговиот тим. Со оваа победа, Клиперси се поблиску до следната рунда, а по „брејкот“ во вториот натпревар во „Бол Арена“, синоќа ја потврдија предноста и сега имаат 2-1 во оваа серија.
Најефикасен играч кај победничкиот тим беше Кавај Ленард со 21 поен, 11 скока и 6 асистенции. Норман Пауел и Џејмс Харден постигнаа по 20 поени, додека Ивица Зубац заврши со 19 поени.
Заедно со Јокиќ, кој имаше скор од 23 поени, 13 асистенции и исто толку скокови, Мареј беше одличен кај Денвер со 23 поени, а Арон Гордон запиша 15.
Кошаркарите на Њујорк Никс одново поведоа во серијата со Детроит Пистонс, откако славеа на првото гостување со 116-118. Со овој успех Никси се на една победа до пласман во полуфиналето. Најзаслужни за тоа беа Тоунс со 31 и Брунсон со 30 поени. Кај поразениот тим Кејд Канингем постигна 24 поени.
Оклахома Сити Тандерс е најблиску до полуфинале, откако славеше и на третиот натпревар во соочувањето со Мемфис Гризлис. Првиот натпревар во Мемфис заврши со победа на гостите од 108-114.