ВИДЕО: Не помогна ни Леброн, Лејкерси поразени во Аризона

Судирот на ѕвезди во Феникс им припадна на домашните кошаркари, кои го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 123-113 во дербито на Западната конференција на НБА лигата. Кевин Дурант и Девин Букер од едната и Леброн Џејмс и Ентони Дејвис од друга страна, сите учесници на неодамна завршениот Ол Стар, гарантираа спектакл.

Феникс брилијантно го отвори натпреварот и првиот дел го доби во своја корист со 45-28. Сепак, тимот од градот на ангелите не се предаде.

До полувремето ја намалија разликата на девет поени, а во последните дванаесет минути Санси влегоа со само +5. Сепак, успеаја да ги издржат нападите на тимот од Лос Анџелес и да остварат достоен триумф.

Ален беше најефикасен кај домашната екипа со 24 поени, Дурант даде 22, а Букер 21 поен. На другата страна блескаше Леброн Џејмс со 28 поени, 7 скока и 12 асистенции, а го следеше Дејвис со 22 поени и 14 скока, но тоа не беше доволно да се триумфира во Аризона.