• Зоран Мишевски
Ниту Јокиќ не помогна тимот на Денвер да се врати на победите. Неговиот 139-ти „трипл-дабл“ не беше доволен да се совлада Кливленд. Најкорисниот играч во НБА лигата натпреварот го заврши со 27 поени, 20 скока и 11 асистенции, но на победа од 114-126 се радуваше водечкиот тим во лигата. Кливленд го предводеше Мичел со 28 поени. Гостите од Колорадо до финишот се држеа на дистанца од десет поени, а потоа Мичел и Верт постигнаа по една тројка и победникот беше решен.
Далас лесно ги победи очајните Визардси со 137-101, Дончиќ запиша „трипл-дабл“ и крај своето име имаше 21 поен, 10 скока и 10 асистенции. Ова е шеста победа по ред за тимот од Тексас. „Трипл-дабл“ учинокот на Дончиќ е 78-ми во кариерата за Словенецот. Тој е седми на вечната листа, во друштво на Чембрлен и Харден.
Гилџес-Александер доминираше во својата Канада со 30 поени во победата на Оклахома против Торонто со 129-92. Асот на Тандерси заврши со 11 блокади и 14 украдени топки, а одигра и страшна одбрана.
Никси лесно го освоија Шарлот (101-125), а гостите беа ослабени и играа без Бол, Бриџис, Мен. Бренсон постигна 19 од своите 24 поени во првата четвртина, а Таунс заврши со 27 поени и 16 украдени топки.
Чикаго славеше во Тексас против Сан Антонио, во чии редови не настапи Вембањама, а Голден Стејт го совлада Хјустон со 99-93.