ВИДЕО: Не може подобро - Ѕвездите на Бруклин погодија 27 тројки!

На повидок е сезона на рекорди во клупската историја, а можеби и во поновата ера на НБА лигата. Имено, кошаркарите на Бруклин на гостувањето кај Сакраменто, вопобедата од 136-125 поставија нов клупски рекорд по бројот на погодени тројки на еден натпревар.

„Мрежичките“ реализираа 27 од 47 удари од далечина (57,4%). Претходниот рекорд изнесуваше 24 удари за три поени. Третина од тројките на Бруклин, вкупно девет ги постигна капитенот Кајри Ирвинг. Џејмс Харден постигна шест, Џеф Грин и Ландри Шамет постигнаа по три, Џо Харис, Тимоти Луваву-Кабаро и Тајлер Џонсон реализираа по две тројки.

Бруклин со биланс 17 победи и 12 порази се наоѓа на третото место во поредокот на Источната конференција од НБА-лигата.