Не е само Тајс, Макаби ја комплетираше ротацијата со уште еден центар

Макаби Тел Авив продолжува да го засилува ростерот за новата сезона, а само еден ден по потписот на Даниел Тајс, клубот го официјализираше и ангажманот на центарот Армандо Бејкот.

26-годишниот кошаркар доаѓа од Фенербахче, каде што минатата сезона имаше ограничена минутажа во тимот предводен од Шарунас Јасикевичиус. Во Евролигата одигра 26 натпревари со просек од 2,4 поени и 1,8 скока за околу 10 минути по натпревар.

Бејкот пристигна во Фенербахче во септември минатата година, што беше негов прв ангажман во Европа, откако претходно настапуваше во развојната НБА лига за Мемфис Хасл.

Со доаѓањето на Тајс и Бејкот, заедно со Роман Соркин, Макаби практично ја комплетираше центарската линија и сега се очекува фокусот во преодниот рок да биде насочен кон засилувања на бековските позиции.