• Саше Љолес

Според неофицијални информации кои ги пренесува „Меридијан Спорт“, АБА лигата од следната сезона би можела да добие нов учесник кој не доаѓа од поранешните југословенски простори.
Откако беше најавено дека тимови од Дубаи сакаат да настапуваат во Евролигата, сега и амбициозниот романски прволигаш, Клуж, изрази голема желба да се надигрува со најдобрите тимови од јадранското друштво. Оваа сезона Клуж игра во Еврокупот, но од следната година би можел да настапи и во АБА елитата, иако за ова ќе треба да „падне“ тешка одлука од челните лица на натпреварувањето.
Засега не е познато дали романскиот клуб понудил и некаква финансиска „инјекција“ за АБА лигата, но се претпоставува дека Управниот одбор сериозно ќе ја разгледа оваа идеја и наскоро ќе се огласи со официјален став по ова прашање. Според Статутот на натпреварувањето, одлуката за проширување на лигата мора да биде едногласна, односно сите тимови-учесници мора да гласаат „за“ на генералното собрание.