НБА засилувањето си оди од Реал по само еден месец

Денис Смит Џуниор пристигна во Реал Мадрид на 16 јануари и од него се очекуваше да биде сериозно засилување за втората полусезона. 

Сепак, Американецот не беше во добра физичка кондиција и за неговото деби се чекаше до 2 февруари. Шеснаесет дена подоцна „Марка“ најавува негово инстантно заминување. Смит Џумиор досега за Реал одигра четири натпревари во АЦБ лигата и Евролигата, но вкупно на теренот мина 35 минути и уфрли 11 поени. 

Причината за заминувањето според Шпанците е неможноста да се прилагоди во брз рок на условите во европската кошарка. 

Инаку, Денис Смит Џуниор во минатото настапуваше за Далас, Бруклин, Њујорк, Детроит, Портланд и Шарлот во НБА лигата.