• Зоран Мишевски
Македонскиот тренер Емил Рајковиќ доби големо засилување во ЦСКА Москва. Поранешниот НБА играч Вил Бартон стави потпис на договор со најтрофејниот руски клуб, кој веќе втора сезона не настапувае во Евролигата,
Американецот потпиша договор со московскиот клуб до крајот на оваа сезона. Договорот ќе стапи на сила откако 33-годишниот кошаркар ќе ги мине лекарските прегледи во Москва.
Ова ќе биде прво искуство за Бартон да настапува надвор од Соединетите Американски Држави. Четириесеттиот избор на драфтот на НБА во 2012 година има 11 сезони во лигата со Портланд, Денвер, Вашингтон и Торонто.
Бартон одигра 679 натпревари во НБА лигата со просек од 11,2 поени, 4,1 скока и 2,7 асистенции.