НБА тренерите од наредната сезона ќе имаат можност да ги тестираат судиските одлуки

НБА лига

Новитет во наредната сезона од НБА лигата ќе биде можноста тренерите да побараат од судиите да се провери одредена сомнителна ситуација со помош на видео снимка.

Предводниците на екипите ќе добијат една шанса да проверат дали донесената одлука на арбитрите е точна во текот на еден натпревар. Причината за воведување на оваа реформа е големиот број на грешки кои се направија во текот на изминатиот плеј-оф и кои оштетија неколку екипи.

Конкретно се работи за мечот меѓу Хјустон и Голден Стејт на кој што во последните секунди од мечот не беше досуден фаул во корист на „ракетите“.

Ова е уште еден доказ дека комесарот на лигата Адам Силвер постојано ги слуша критиките и се обидува на секој начин да ја подобри играта и да им помогне на екипите.