НБА тагува: Почина член на Куќата на славните

Легендарниот кошаркар на Вашингтон Визардси, Вес Унселд почина во 75 година од животот, беше потврдено од клубот. Тој долго време болуваше од повеќе болести, а сега се мачел со воспалените на белите дробови.

Поранешниот центар целата своја кариера ја мина во престолнината на Соединетите Американски Држави, каде работеше и како играч и тренер, но своевремено клубот менуваше имиња Балтимор, Капиталс, Булетси. 

Унселд е единствениот покрај Вилт Чемберлејн кој во првата сезона како професионалец ја освоил титулата за најкорисен играч во сезоната на НБА лигата. Пет пати настапувал на „Ол Стар“ натпреварите, а член е и на „Куќата на славните“ од 1988 година.