ВИДЕО: НБА светот се потсмева со Чеди Осман поради плукањето на штитникот на заби

Чеди Осман

Екипата на Кливленд доживеа нов понижувачки пораз на домашен терен. Овојпат Шарлот стигна до висока победа на гостувањето во Охајо.

Чеди Осман, кошаркарот роден во Охрид, постигна 17 поени и беше еден од најдобрите поединци во тимот на Кавалирси. 

На половина од втората четвртина, 24-годишникот со македонски корени предизвика смеа меѓу актерите на теренот и коментаторите на ТВ преносот.

Тој се најде на линијата за слободни фрлања и имаше момент за заборав. Го погоди првиот обид, а пред да шутира вторпат, Осман силно испушти воздух и несакајќи го плукна штитникот за заби кој го имаше во устата.

  • Погледнете го интересниот момент: