НБА со висока парична казна за недоличните коментари на Џејлен Браун

Кошаркарот Џејлен Браун заработи парична казна од 50.000 долари поради остри критики упатени кон судиите по седмиот натпревар со Филаделфија во плеј-офот на НБА лигата.

Санкцијата доаѓа откако неговите коментари биле оценети како несоодветни и штетни за угледот на лигата.

Според одлуката, играчот бил казнет поради изјави со кои директно ја довел во прашање арбитражата на судиите, што во професионалната кошарка се смета за прекршување на правилата за јавно изнесување ставови за судењето.

Од клубот и лигата засега нема дополнителни официјални коментари, но се очекува официјална жалба од Бостон.