• Иван Димовски
Оклахома Сити Тандер ја заокружи шампионската сезона со силни потези на трансфер пазарот, осигурувајќи ги своите клучни ѕвезди со нови, рекордни договори. По историскиот успех и титулата во НБА-лигата, челниците на франшизата решија да ги наградат најзаслужните за успехот.
Шеј Гилџес-Александер одигра фантастична сезона, беше МВП во повеќе категории. Тоа му донесе потпис на највреден договор во историјата на НБА во висина од 285 милиони долари, кој во комбинација со постојниот договор достигнува вкупна вредност од 364 милиони долари.
Неколку дена подоцна, клубот го продолжи договорот и со младиот центар Чет Холмгрен, кој ќе заработи 250 милиони долари, а „заклучен“ е и Џејлен Вилијамс со нов договор вреден 287 милиони долари.
Со тоа, Оклахома Сити Тандер на само тројца играчи ќе потроши неверојатни 822 милиони долари потег достоен за актуелен шампион на најсилната кошаркарска лига во светот.
