НБА се враќа и носи спектакл, дуел на титаните од ЛА на стартот

Лејкерс

НБА лигата го сподели официјалниот распоред на натпревари кои ќе се доиграат до крајот на сезоната во Орландо.

Возбудувањата во најсилната лига се враќаат на крајот од јули, а ќе завршат, доколку се оди според планот, во октомври. Веќе на првиот ден е закажано големо дерби меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Лос Анџелес Клиперс. Втората средба на 30 јули ќе му овозможи на сензацијата Зион Вилијамсон да игра против Јута Џез.

Вториот ден исто така се очекуваат интересни дуели. Дербито на Тексас меѓу Далас и Хјустон ќе се одигра на крајот од денот, а претходно Милвоки на Јанис ќе се сретне со ривалот на Истокот, Бостон.

Последните шпекулации велат дека ако се појави коронавирусот на Флорида, целата сезона ќе биде суспендирана. Секако ова се неофицијални информации кои допрва ќе треба да ги потврдува раководството на лигата.

Целосниот распоред може да го погледнете во продолжение: