НБА се соочува со проблем, прв коронавирус случај во екипите

ЛА Клиперс

НБА инсајдерот Адријан Војнаровски ја загрижи јавноста со информацијата дека се појави првиот позитивен случај на коронавирус во една од екипите.

Сепак, не се работи за кошаркар, туки за член на стручниот тренерски штаб на Лос Анџелес Клиперс. Наводно тој го закачил вирусот на една новогодишна забава во тимскиот хотел, на која почесто не се носеле заштитни маски и не се почитувале правилата за дистанцирање.

Поголем проблем лигата ќе има ако ковид-19 се појави меѓу кошаркарите. Тогаш ќе мора да одложува натпревари и одново да решава проблеми поврзани со распоредот и остатокот од сезоната, која започна на 22 декември. Малата група членови на Клиперси, која присуствувала на забавата, се врати во Лос Анџелес и замина во карантин. 

НБА лигата неодамна ги охрабри тимовите да ги следат и да изрекуваат казни за вработените и играчите кои ќе постапуваат во спротивност со протоколите.