• Горан Упале

НБА наскоро ќе го финализира повеќегодишниот договор со Манчестер Арената. Токму во арената „Co-op Live“ американските тимови ќе играат натпревари во наредните сезони.
„Тајмс“ пишува дека првите натпревари би можеле да се одиграат веќе на почетокот на следната сезона.
„Манчестер Арена“ е со капацитет од 23.500 седишта и моментално таа е најголемата кошаркарска сала во Европа. За потсетување, НБА планира да основа франшиза и во Англија, а Манчестер е пожелна локација.
Манчестер Сити важи за потенцијален партнер во целата зделка. Се разбира, сето ова поминува низ Абу Даби, од каде што е сопственикот на „граѓанинот“, шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан.