• Мартин Танасковски
Актуелниот шампион во НБА лигата, Њујорк Никс, го комплетираше ангажманот на искусниот центар Андре Драмонд, кој ќе потпише едногодишен договор вреден 3,9 милиони долари.
Триесет и двегодишниот кошаркар, кој следниот месец ќе наполни 33 години, пристигнува како замена за долгогодишниот центар Мичел Робинсон и треба да донесе дополнително искуство и цврстина во рекетот на шампионскиот тим.
Драмонд е двократен учесник на Ол-стар натпреварот и зад себе има богата НБА кариера која трае 14 сезони. Во тој период настапуваше за Детроит Пистонс, Кливленд Кавалирс, Лос Анџелес Лејкерс, Филаделфија Севентисиксерс, Бруклин Нетс и Чикаго Булс.
Во изминатите две сезони повторно беше дел од Филаделфија, со која стигна до полуфиналето на Источната конференција. Токму таму неговиот тим беше убедливо елиминиран од Њујорк Никс, кој подоцна ја освои шампионската титула.
Во досегашната кариера, Драмонд има одиграно 967 натпревари во НБА, со просек од 12,1 поен, 11,9 скока и 1,2 блокади по натпревар. Со вкупно 1.197 блокади се наоѓа меѓу најдобрите активни кошаркари во лигата во оваа статистичка категорија.
