НБА-првакот Адетокумбо потпиша за Панатинаикос

Грчкиот кошаркрар Костас Адетокумбо потпиша двегодишен договор со екипата на Панатинакос и ќе игра во Атина.

25-годишниот кошаркар минатата сезона ја мина за Фенербахче, за кого во Евролигата настапи на 14 натпревари и во просек даде 2,7 поени по меч. Гркот во 2020 година беше НБА-шампион со Лос Анџелес Лејкерс.

Во кариерата тој играше уште и за Винди Сити Булс, Асвел и Чикаго. Инаку, Костас е брат на НБА-ѕвездата Јанис Адетокумбо кој моментално е дел од Милвоки Бакс. За Панатинаикос, Костас е првото летно засилување.