НБА првак фатен со марихуана, му се заканува двегодишна затворска казна

Шамперт

Иман Шамперт завршил зад решетки, откако кај него биле пронајдени 170 грама марихуана, додека патувал од Далас во Лос Анџелес.

Поранешниот член и шампион со Кливленд Кавалирс признал дека поседува наркотици. Полицијата веднаш го уапсила и против него отворила кривична постапка.

На 32-годишникот му се заканува затворска казна во висина од две години. Исто така ќе треба да плати десет илјади долари.