НБА објасни: Еве зошто Никола Јокиќ е „џокер“ (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ е еден од најдобрите во НБА лигата неколку сезони наназад. Напорната работа на Денвер Нагетс го одведе тимот до место во финалето, па ќе се бори за трофејот. 

Јокиќ во Соединетите Американски Држави е познат како Џокер или во превод шегаџија. НБА лигата реши пред финалето да му посвети видео и да објасни зошто е тоа така. На снимките се гледа интересниот карактер на Србинот. Јокиќ е сниман како прави шеги и интересни потези во повеќе наврати, па челниците на лигата решија да направат компилација.

Инаку, Денвер во финалето го чека победникот од серијата меѓу Мајами и Бостон во која тимот од Флорида води со 3-2. Финалните пресметки ќе започнат на први јуни.