НБА му се поклонува на Дончиќ, само Џордан има подобри плеј-оф бројки од него

Далас Маверикс

Лука Дончиќ одново е тема на изминатата вечер во НБА плеј-офот. Плејмејкерот на Далас Маверикс блесна на дуелот со Лос Анџелес Клиперс и му овозможи на својот тим да застане на чекор од изненадувачка победа во серијата со фаворитот.

Постигна 42 поени, запиша 14 асистенции и собра осум скока. Неверојатен податок вели дека Словенецот реализира или асистираше при 31 од вкупно 37 успешно постигнати шутеви од поле на гостите од Тексас.

Не престануваат споредбите со великаните на најсилната лига на светот. Со просек од 32,8 поени по натпревар, 22-годишникот заостанува само зад Мајкл Џордан (33.4), кога е во прашање најдобриот учинок во историјата на плеј-оф кошарката (минимум одиграни десет натпревари).

На листата најдобри поентери по воведните единаесет плеј-оф натпревари, Лука е на петтата позиција (361). Пред него се Џордан (405), Боб Макаду (379), Џабар (377) и Чембрлејн (377).

И сето тоа го прави против играчи како Каваи Ленард и Пол Џорџ, кои важат за едни од најдобрите дефанзивци во лигата...