НБА лигата потврди: Торонто беше оштетен во завршницата од петтиот натпревар

Марк Гасол

Торонто ја пропушти првата шанса да стигне до конечна победа во НБА финалето.

На домашен терен, екипата од Канада загуби со 105-106 против Голден Стејт, кој остана без Кевин Дурант. По 12 одиграни минути, најдобриот кошаркар на гостите ја обнови повредата и го напушти теренот со помош на двајца соиграчи.

НБА лигата денес објави официјален извештај за судиските одлуки во последните две минути. Во истиот стои дека домаќинот беше оштетен и дека Марк Гасол беше фаулиран на 49 секунди до крајот.

Бранителот на титулата намали на 3-2 и на шестиот меч ќе се обиде да го одрбани домашниот терен и да обезбеди „мајсторка“.