НБА-лигата нема да изгледа како СП, одбран новиот формат

НБА-лигата ги прави плановите како да ја доигра сезоната, а иако се најавуваше дека кошаркарката лига може да се доигра по системот на Светското првенство (СП), сепак, такво нешто нема да има.

Сезоната се очекува да продолжи со 22 екипи, во „Дизниленд“ во Орландо. За сите екипи да бидат задоволни, ќе играат само оние кои се борат за влез во плеј-офот, додека останатите ќе бидат поштедени.

Сите екипи ќе одиграат осум натпревари како дел од регуларната сезона за да може да се одреди која екипа има сигурно место во плеј-офот. Потоа од двете конференции тимовите што се во плеј-оф ќе играат меѓу себе, а преостанатите шест тима ќе играат „плеј-ин“.

Ако деветтиот тим од конференцијата има четири победи помалку од осмопласираниот, нема да се игра „плеј-ин“, туку осмопласираниот ќе патува во „плеј-офот“. Ако деветтиот има три или помалку порази, ќе се играат мечеви.

Продолжението од сезоната се планира на 31 јули, а од НБА-лигата треба дополнително да го објават и објаснат новиот формат.